Кошаркар на Шарлот им покажа среден прст на судиите, па го удрија жестоко по џебот!
Во последната четвртина, против Бол беше досуден прекршок во напад, а кошаркарот беше фрустриран со таа одлука и реши да им покаже среден прст.
Ова не е првпат 24-годишниот кошаркар да добие казна поради неговото однесување, па ова му е втора најголема казна во кариерата.
Бол претходно мораше да плати дури 100.000 долари поради користење на навредливи зборови за време на интервју по натпревар во НБА-лигата.