 
  Црвена Звезда гази сè пред себе - шеста победа по ред во Евролигата!
Натпреварот имаше возбудлив почеток, а по првите 10 минути водеа „црвено-белите“ со 33-26, додека нивната предност до полувреме се зголеми на 58-48.
Макаби неколку пати се обиде да ја стопи негативата зад српскиот гигант во третата четвртина, но стигна на минус шест (71-77).
Одличниот старт на последните 10 минути му донесоа целосен пресврт на израелскиот клуб, кој поведе со 81-78, но радоста траеше кратко бидејќи Црвена Звезда влезе во одличен ритам и до крајот на средбата го чуваше водството за да слави со 99-92.
Коди Милер-Мекинтајер постигна 23 поени, четири скокови и 12 асистенции за Ц. Звезда, додека Џејлен Хорд запиша 20 поени и шест скокови за поразениот тим.
Останати резултати:
Жалгирис – Асвел 96-59
Баерн Минхен – Виртус Болоња 86-70
Милано – Париз 86-77
Валенсија – Дубаи 80-70
Фото: https://kkcrvenazvezda.rs/