Модриќ прогласен за најдобар фудбалер во Серија А за септември (ФОТО)

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ беше прогласен за најдобар фудбалер за септември во Серија А.

Модриќ по доаѓањето во Милан ја покажа својата магија и ги воодушеви навивачите на Апенините, па заслужено го доби признанието за најдобар играч.

Искусниот фудбалер во септември одигра три меча за „росонерите“, а клубот успеа да слави во сите, при што Модриќ добиваше највисоки оценки за неговите настапи.