Откриено колку пари ќе заработи Спалети од договорот со Јувентус

Јувентус го промовира Лучано Спалети како наследник на тренерот Игор Тудор, кој доби отказ од калчолигашот по лошите резултати.

Спалети потпиша договор со „Старата дама“ до крајот на сезоната 2025/26, односно има опција да ја продолжи соработката доколку се квалификува за Лигата на шампиони (ЛШ).

Медиумите пишуваат дека овој договор на Спалети ќе му донесе заработка од три милиони евра до крајот на сезоната.

Фото: Juventus FC