Реми без голови во Битола: Пелистер и Тиквеш си поделија по еден бод
Првото полувреме не понуди возбудлив фудбал, односно имаше по една посериозна шанса на двете страни, меѓутоа напаѓачите не беа ефикасни.
Во вториот дел не се променија драстично работите на теренот, односно Пелистер и Тиквеш не покажаа ништо конкретно во нападот и на крајот мораа да се задоволат со реми, односно да си поделат по еден бод.
Тиквеш во моментов е на деветтата позиција со девет бодови, додека Пелистер е на 10. место со осум поени.