Уапсени две лица по филмското убиство на еден од најважните луѓе во кипарскиот фудбал!
Демостено беше убиен на 17 октомври пред неговата куќа во Лимасол, Кипар. Тој бил во автомобил кога зад него непознат напаѓач на мотоцикл почнал да пука.
На местото на нападот била повикана полиција и итна медицинска помош, која го пренела Демостено во болница, меѓутоа набразо починал.
Осомничените лица, кои се приведени во Солун, се обвинети дека учествувале во нарачано убиство, но засега не се откриваат повеќе детали.
Истражните органи на грчката полиција не ја исклучуваат можноста дека осомничените се поврзани и со грчката мафија, која се смета за одговорна за извршување на слични убиства.