Откажан мечот меѓу Ѓоковиќ и Циципас во Атина!

Почетокот на тенискиот турнир во Атина е закажан за недела, а пред самиот старт требаше да се соочат Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ, меѓутоа тоа нема да се случи.

Звучните тениски имиња требаше во петок да се соочат во Атина на мини-терен, но настанот со забавен карактер е откажан поради безбедносни причини.

Ѓоковиќ е во грчкиот град веќе неколку денови, а ја искористи можноста да гледа неколку натпревари од Евролигата.

Турнирот во Атина ќе се игра од 2 до 8 ноември.