НБА даде „зелено светло“: Лејкерс оди на продажба за 10 милијарди долари!

Управниот одбор на НБА-лигата едногласно даде „зелено светло“ за продажба на Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер за 10 милијарди долари.

Волтер ќе добие 85 проценти од акциите, додека семејството Бас ќе задржи околу 15 отсто од акциите, со што Џени Бас ќе остане на својата позиција уште најмалку пет години.

Бизнисменот кој го купува Лејкерс е извршен директор во „ТВГ Глобал“, која веќе располага со уште неколку екипи како Лос Анџелес доџерс во безбол и Лос Анџелес спаркс во ВНБА.