Македонија при дното на ферплеј листата на УЕФА

УЕФА го објави рангирањето на земјите според ферплејот за сезоната 2024/25, а речиси сите земји од регионот се на дното на листата.

При оценувањето се земаат натпреварите на клупско и репрезентативно ниво, а предвид се следните критериуми:

– Однесување на играчите (број на картони, почитување на противниците и судиите), како и однесување на навивачите и другите службени лица.

– Позитивни поени се доделуваат, на пример, за помагање на повреден играч, кореографија, аплауз за противничките тимови, а се одземаат за доцнење, немири, навредливи песни од навивачите, расизам, дискриминација...

По одиграни 65 меѓународни натпревари минатата сезона, македонските клубови и репрезентации се во последната третина, на 38. место од 51 земја со коефициент 7,912. Убедливо на последното место е Албанија, а пред неа се Грузија, Турција, Косово, Црна Гора, Андора итн. Од друга страна, на врвот е Англија, следена од Словачка и Финска.