Излезе документ со платите на КК Партизан: Клубот одвојува богатство за Обрадовиќ!

На социјалните мрежи се појави листа на плати кои ги добиваат кошаркарите на Партизан, тренерот и спортскиот директор, информациите предизвикаа лавина од реакции во Србија.

Убедливо најплатен во Партизан е тренерот, Жељко Обрадовиќ кој добива месечна плата од 217.460 евра, ниту еден друг член на црно-белите нема ни приближно такви примања.

Втор на листата е Карлик Џонс со 137.360 евра месечно, следува Брендон Дејвис со 132.520 евра, плата со шест цифри има уште и Ифе Лундберг на кој секој месец на сметката се слеваат по 110.740 евра.

Многу реакции предизвика платата на директорот Зоран Савиќ кој заработува 58.520 евра, што е повеќе од најголемиот дел од кошаркарите.

Листата е врз база на документ од декември 2024 година.

Партизан со големи амбиции тргна во новата сезона, но резултатите засега не се соодветни на желбите, а со тоа расте незадоволството кај навивачите на црно-белите. Списокот на плати само дополнително ја разнишува атмосферата во црно-белиот табор.

Месечните плати во КК Партизан за декември 2024:

1. Жељко Обрадовиќ - 217.460 евра
2. Карлик Џонс - 137.360 евра
3. Брендон Дејвис - 132.520 евра
4. Ифе Лундберг - 110.740 евра
5. Тајрик Џонс - 73.860 евра
6. Исак Бонга - 60.730 евра
7. Френк Нтиликина - 60.620 евра
8. Вања Маринковиќ - 60.080 евра
9. Зоран Савиќ - 58.520 евра
10. Стерлинг Браун - 49.390 евра
11. Ајзеа Мајк - 44.500 евра
12. Алексеј Покушевски - 40.650 евра
13. Балша Копривица - 25.520 евра
14 Двејн Вашингтон Џуниор - 18.720 евра
15. Марио Накиќ 16.020 евра
16. Владимир Андроиќ 14.770 евра
17. Хозе Марија Искјердо Ибањес 13.530 евра
18. Митар Бошњаковиќ 11.010 евра
19. Аријан Лакиќ 8.510 евра
20. Богдан Карачиќ 7.340 евра
21. Александар Матовиќ 7.010 евра
22. Алекса Димитријевиќ 5.610 евра