Трајковски замина за Италија, се враќа во клубот каде што му беше најдобро!? (ФОТО)
По заминување од Хајдук, Трајковски не најде веднаш клуб, македонскиот фудбалер остана слободен играч и чекаше да му пристигне добра понуда за да донесе одлука за следниот чекор.
Утринава тој објави Инстаграм стори како заминува за Палермо, а дали тоа значи и дека ќе потпише за истоимениот клуб или е само туристичко патување, останува да се види.
Трајковски во Палермо се задржа четири години, од 2015 до 2019 за овој клуб одигра преку 100 натпревари, постигна и 16 голови оставајќи голем впечаток.
Тимот на Палермо сега е предводен од Пипо Инзаги и се бори за враќање во Серија А, во моментов се на шестата позиција во Серија Б.
