Рашфорд по „Ел Класико“: Ова е маратон, а не спринт!

Реал Мадрид триумфира во „Ел Класико“ против Барселона со 2-1, па по 10 одиграни кола во Ла Лига има дури пет бодови предност пред вечниот ривал, но англискиот фудбалер Маркус Рашфорд не е премногу загрижен.

Рашфорд по поразот во Мадрид посочи дека предноста на „кралевите“ не мора ништо да значи затоа што има уште многу натпревари да се играат до крајот на сезоната.

„Ова не беше резултатот кој го сакаме. Сепак, ова е маратон, а не спринт и продолжуваме со борбата“, вели Рашфорд.

Standings provided by Sofascore

Фото: FC Barcelona