Македонските фудбалерки ги загубија двата контролни меча против Русија

Македонската женска репрезентација два пати беше поразена од Русија на пријателските натпревари во Струмица.

Репрезентативките одиграа солидно во првиот натпревар против Русија на стадионот „Младост“, меѓутоа Русија со головите на Полина Јукљаева и Залмиева стигнаа до победа од 2-0.

Вториот меч меѓу двете селекции заврши со убедлива победа за Русинките, кои го отворија резултатот во 15. Минута ѕпреку Марија Дурнова.

Русија постигна уште четири погодоци во второто полувреме, и тоа преку Јукљаева, Ишмухаметова (два гола) и Жукова (5-0).

Фото: ФФМ