Навивачите бараа отказ за Тудор, а кога го доби му испратија порака (ФОТО)

Хрватскиот стратег, Игор Тудор денеска доби отказ на клупата на Јувентус по вчерашниот пораз од Лацио со 1-0 во рамките од осмото коло.

Јувентус со Тудор во сите натпреварувања беше без победа на осум натпревари, па поради тоа и навивачите бараа смена на клупата.

Кога таа се случи сепак оставија и порака за Тудор кој во минатото настапуваше за Јувентус и како фудбалер.

„Рибата смрди од главата. Тудор е еден од  нас“, беше испишано на транспарентот кој денеска се појави во Торино.

Со оваа порака ултрасите на клубот од Торино испратија и критики за раководството, истакнувајќи дека Тудор не е единствен виновник за лошите резултати.