Скандал го тресе турскиот фудбал: Над 300 судии учествувале во обложување!
Во својата изјава претседателот Ибрахим Хаџиосманоглу потврди дека во истрагата во која биле вклучени 571 судија било откриено дека дури 371 од нив имале сметки на сајтови за обложување, а 152 активно се обложувале.
„Одлучни сме целосно да го исчистиме фудбалот од сите траги на корупција. Нема да има исклучоци“, порача Хаџиосманоглу, додавајќи дека „неопходните санкции“ ќе бидат изречени во најбрз можен рок.
Десетмина од инкриминираните судии имале повеќе од 10.000 облози, а еден од нив дури 18.227. Вкупно 42 судии се обложувале на повеќе од 1.000 фудбалски натпревари, објасни првиот човек на турскиот фудбал.
Фото: Galatasaray