Вардар ја прекина црната низа со Шкендија, победа среде Тетово за лидерска позиција! (ФОТО+ВИДЕО)
Натпреварот не понуди премногу возбудувања се играше најчесто на средината на теренот без посериозни прилики, а едно невнимание во одбраната на тетовскиот тим беше доволно за Вардар по долга пауза да си замине со три бода од Тетово.
Одлучувачкиот момент се случи на стартот од вториот дел кога Алхасан играше со рака во својот шеснаесетник по едно нафрлување. Главниот судија покажа на белата точка, додека сигурен реализатор на најсторгата казна беше Давид Бабунски.
Во продолжени избраниците на Гоце Седлоски успеаа повторно да го намалат темпото на игра, но и со таква игра Шкендија беше блиску да израмни, Бесарт Ибраими ја погоди мрежата на Талески во 88. минута меѓутоа тој погодок беше поништен поради недозволена позиција.

Со овој триумф Вардар доаѓа до 24 бода со што се искачува на лидерската позиција со бод повеќе од Струга и два од Силекс и Шкендија на третото и четвртот место.
Овој триумф за Вардар е прв по пауза од осум години во дерби натпреварите со Шкендија, последен пат пред денешниот дуел славеа во 2017 година во Скопје со 4-2. Од тој момент големите ривали одиграа 21 натпревар во кои Шкендија славеше на 12 средби, доека девет завршија без победник.


