Се тресе столчето на Слот: Ливерпул има тројца кандидати за нов тренер

Ливерпул по одличниот старт на сезоната во Премиер лигата со пет победи влезе во голема криза и запиша четири порази, по што почнаа критиките на сметка на тренерот Арне Слот, кој летово потроши многу пари на засилувања.

Навивачите не се задоволни и бараат отказ за Слот, а веќе се споменуваат тројца кандидати за кормилото на англискиот шампион.

Прв фаворит за тренерското столче е Оливер Гласнер кој прави чуда со Кристал Палас, но исто така и Андони Ираола кој е одличен во Борнмут. Како трета опција се споменува Зинедин Зидан, иако за него веќе е познато дека чека понуда за селекторската позиција во Франција.

Фото: Facebook/Liverpool FC