
Евролигашки судија уапсен во Белград зашто бил дел од криминален клан
Апсењето било извршено во текот на вчерашниот ден во Белград, во голема полициска операција спроведена од Јавното обвинителство за организиран криминал, под сомнение дека е дел од организирана криминална група осомничена за тешки кривични дела. Вкупно десет лица беа уапсени во полициската операција.
Николиќ е на списокот на судии на Евролигата и оваа сезона, како и во АБА лигата и Српската кошаркарска лига. Тој треба да в петок да излезе пред Јавен обвинител за организиран криминал.
„Интересно е што кошаркарски судија на Евролигата со иницијали У.Н. беше уапсен тука во Белград, а во неговиот стан при претрес беше пронајдена голема сума пари, 250.000 евра, златни прачки и часовник. Се сомнева дека тој е финансиски поддржувач на активностите на криминален клан“, рече министерот Дачиќ.
Директорот на полицијата Драган Васиљевиќ откри дека Управата за криминалистичка полиција во Србија, во соработка со Европол и Евроџаст, спровела две големи одделни операции за апсење во кои биле уапсени вкупно 29 лица во Србија и во странство. Уапсените лица се товарат за голем број кривични дела, вклучувајќи тешко убиство, убиство и предизвикување општа опасност.