АЕК со шест гола го распарчи Абердин, Фиорентина подобра од Рапид

Абердин долго нема да го заборави гостувањето во Атина, каде што со 0-6 загуби од АЕК, додека Фиорентина со 3-0 го надигра Рапид во второто коло од Конференциската лига.

АЕК постигна по три голови во двете полувремиња. Во првите 45 минути во листата на стрелци два пати се запиша Коита, а еднаш стрелаше Елиасон, додека во вториот дел погодија Марин, Јовиќ и Кутеса за конечни 6-0.

Фиорентина го скрши отпорот на Рапид по девет минути игра, кога Ендур погоди за 1-0, а на самиот старт на второто полувреме стрелаше и Џеко за предност од 2-0.

Победата за гостите од Фиренца ја потврди Гудмундсон во 88. минута кога ја затресе мрежата на Рапид за 3-0.

Останати резултати:

АЗ АЛкмар – Слован Братислава 1-0
Бреидаблик – Купс 0-0
Дрига – Омонија 1-1
Хакен – Рајо Ваљекано 2-2
Шахтер – Легија 1-2
Шкендија – Шелбурн 1-0
Стразбур – Јагелонија 1-1

Фото: AEK FC / ΠΑΕ ΑΕΚ