Викторија Плзен ја шокира Рома, Динамо се спаси од пораз кај Малме

Вечерва беа одиграни и останатите дуели од третото коло во Лига Европа, при што до неочекувана победа стигна Викторија Плзен на гости кај Рома (2-1), додека Динамо Загреб се спаси од пораз против Малме (1-1).

Аду и Суаре со два гола во период од 20 до 22. минута го шокираа домаќинот (2-0), по што Рома успеа да намали преку Дибала во 54. минута од пенал и да ја врати надежта дека може да избегне пораз.

Рома доминираше до крајот на средбата и се закануваше кон голот на чешкито тим, меѓутоа не успеа да постигне барем уште еден погодок за спас од срамен пораз.

Динамо Загреб беше подобар противник на теренот, но само по број на шанси бидејќи Левицки во 46. минута го отвори резултатот и донесе водство за Малме (1-0). Спасот за хрватскиот гигант пристигна дури во шестата минута од судиското надополнување кога Варела погоди за 1-1.

Останати резултати:

Селта Виго – Ница 2-1
Селтик – Штурм Грац 2-1
Феенорд – Панатинаикос 3-1
Фрајбург – Утрехт 2-0
Макаби Тел Авив – Мидтјиланд 0-3
Нотингем Форест – Порто 2-0
Јанг Бојс – Лудогорец 3-2
Лил – ПАОК 3-4

Фото: FC Viktoria Plzeň