Ц. Звезда ја растури Басконија за четврти триумф по ред во Евролигата
Првото полувреме понуди големо возбудување во Белград, но и нешто полоша игра на „црвено-белите“ кои заминаа на паузата со негатива од 40-43.
Црвена Звезда со помош на публиката во третата четвртина го растури противникот (32-15), по што во последните 10 минути влезе без поголем притисок и на крајот обезбеди убедлива победа.
Најефикасен беше Тимоти Луваву Кабаро со 24 поени кај Басконија, додека Милер-Мекинтајер запиша 20 поени за српскиот гигант.
Фото: https://kkcrvenazvezda.rs/