Петти пораз по ред за Пелистер во ЛШ: Битолчани немоќни против Магдебург
Магдебург водеше од самиот старт на натпреварот, а на средината од полувремето веќе создаде предност од четири голови (12-8), која продолжи да расте до 19-13 пред паузата.
Битолчани имаа мини-серија од 3-0 на почетокот на второто полувреме и намалија на 16-20, но тоа беше сè од македонскиот тим затоа што набрзо Магдебург го засили темпото и поведе со убедливи + 11 (35-24), по што до крајот Пелистер не успеа да избегне голем пораз (26-36).
Магнусон беше незапирлив во редовите на Магдебург и постигна 10 голови, додека Филип Кузмановски запиша шест погодоци за Пелистер.
Останати резултати:
ПСЖ – ГОГ 34-36
Висла Плоцк – Барселона 24-34