Сѐ тргна наопаку од победата против Барса: Мареска пред отказ од Челси

Пред нешто повеќе од еден месец се чинеше дека Челси е подготвен да се бори за шампионската титула во Премиер лигата, на крилјата од триумфот на Светското клупско првенство претходното лето.

На 25 ноември, „сините“ ја прегазија Барселона на Стемфорд Бриџ со 3-0, во тој момент беа втори во Премиер лигата и играа прекрасен фудбал. Од тој меч, одиграа седум натпревари и остварија само две победи, една во Премиер лигата (против Евертон) и една во Лига купот каде го совладаа нисколигашот Кардиф. Претрпеа три порази и три пати одиграа нерешено како последица на што паднаа на петтата позиција на табелата, со 13 бода помалку од лидерот Арсенал.

Последните резултати, а особено вчерашниот пораз од Астон Вила придонесоа да се зголеми притисокот врз менаџерот Енцо Мареска. Не е исклучено Италијанецот да не ја дочека 2026 година на клупата на Челси бидејќи раководството на клубот му постави ултиматум ако сака да ја задржи работата.

Мареска мора да го победи Борнмут во вторник за да остане менаџер, во спротивно ќе ја заврши успешната приказна на клупата на лондонскиот тим со кото триумфираше во Конференциската лига и на Светското клупско првенство.