Голем талент со македонско презиме стана најмлад дебитант во историјата на Ц. Звезда!
Станува звор за голем талент со карактеристично македонско презиме, кој е роден на 28 септември 2009 година во Суботица и кој на теренот истрча со само 16 години и три месеци. Со тоа го надмина досегашниот рекорд на Никола Топиќ, кој за Црвена звезда дебитираше на возраст од 16 години, шест месеци и 13 дена. Младиот кошаркар, кој сигурно има некакви корени од нашата држава, својот деби-настап го заокружи и со погодена тројка на две минути до крајот на мечот, запишувајќи се и меѓу стрелците.
Симјановски дојде до израз и минатото лето, кога беше дел од златната кадетска репрезентација на Србија која ја освои европската титула во Грузија. Особено импресивен беше во финалето против Литванија, каде постигна 22 поени, пет скока и шест асистенции. Иако во моментов настапува за јуниорскиот тим на Црвена звезда, тренерот Саша Обрадовиќ му укажа доверба и му овозможи деби во сениорска конкуренција, што се очекува да биде силен дополнителен мотив за неговиот понатамошен развој.