Зиркзе на заминување од Јунајтед, доаѓа фудбалер на Оксер

Холандскиот интернационалец Џошуа Зиркзе многу веројатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок, по 18 месеци поминати во клубот од Олд Трафорд.

Италијански медиуми тврдат дека тој веќе ги договорил условите со Рома и останува двата клуба да постигнат согласност за трансфер или евентуално позајмица. Рубен Аморим не смета многу на Зиркзе и веројатно нема да прави проблеми тој да си замине идниот месец.

Во исто време, Јунајтед е во завршна фаза од преговорите со репрезентативецот на Мали и фудбалер на Оксер, Ласин Синајоко. Негова оригинална позиција е напаѓач, но може да се снајде и како крило, а сезонава на седум натпревари постигна два гола за Оксер во француското првенство.

Засега не е познато колку би платил Јунајтед за фудбалерот од Мали, но тој би требало да има плата од околу три милиони евра по сезона.