Турците не жалат пари: Фенербахче нуди 40 милиони евра за ѕвезда на Интер!
Тимот од Истанбул сака во зимскиот преоден рок да донесе репрезентативец со 33 настапи и осум голови за Италија, фудбалер кој и покрај квалитетот ретко добива шанса во составот на Интер. Интерес за Фратези претходно покажаа Јувентус, како и Наполи и Рома, но Интер јасно ставил до знаење дека повеќе би сакал да го продаде во странство отколку да засили директен конкурент во Серија А.
Според претходни информации, „нероазурите“ би биле задоволни и со сума од 35 милиони евра, па понудата од Фенербахче би била пречекана со одобрување. Интер во моментов е лидер на табелата во Италија, додека Фенербахче се наоѓа на второто место во турската Суперлига, со три бода заостанување зад Галатасарај.
Фратези ја започна професионалната кариера во Сасуоло, а потоа настапуваше како позајмен играч во Асколи, Емполи и Монца. Член на Интер официјално стана во 2024 година, а договорот со клубот од Милано му важи до јуни 2028 година.
ФОТО: EPA PHOTO