Голем скандал во Турција: Уапсени судии и сопственици на клубови, над 1.000 фудбалери се суспендирани!
Во тек се полициски истраги, а притоа се уапсени големи број лица, а над 1.000 фудбалери се суспендирани додека нес е реши случајот.
Турската фудбалска федерација минатиот месец суспендираше 1.024 играчи од професионалните лиги, а потоа изрече 102 забрани за активности поврзани со обложување.
Обвинителите наредија да се уапсат 46 лица, меѓу кои се фудбалери, клубови, коментатори и судии.
Скандалот за првпат беше објавен во јавност на 27 октомври, а во фокус прво беа судиите. Петгодишната истрага откри дека дури 371 од 571 судија имале профили на страни за обложување, а 152 активно си ставале облози.