„Земјотрес“ во Белград: Три ѕвезди го напуштаат Партизан!?

Српските медиуми пишуваат дека кошаркарскиот гигант Партизан е пред сериозен ремонт по катастрофалните резултати во изминатиот период, па така од клубот би можеле да си заминат три ѕвезди.

Еден од нив е Тајрик Џонс, кој сакаше да се тепа со „гробари“ по последниот меч за Партизан, а како негова следна дестинација се споменува грчки Олимпијакос.

Џонс не е единствениот кој ќе ги пакува куферите, затоа што Партизан се очекува да го напуштат и Стерлинг Браун и Џабари Паркер, а како нивни следни дестинации се споменуваат Дубаи и Милано.

„Црно-белите“ нема да останат без соодветни замени за играчите кои ќе заминат од Белград, но засега не се открива кои кошаркари треба да бидат ангажирани.

Фото: KK Partizan