Победата на Шкендија ѝ носи уште едно место на Македонија во Европа!?
Тетовци ги освоија првите историски бодови во главната фаза од натпреварувањето на УЕФА, а притоа тоа оди во корист на ранкингот на Македонија, односно би добиле уште еден претставник во европските купови, но од сезоната 2027/28.
„Секако дека сме задоволни, ние со скромни амбиции почнавме во Европа, па сакам така и да продолжиме. Бодовите во Европа се многу важни, затоа што одат во корист и на целата лига“, кажа Беќири на прес-конференцијата по натпреварот во Скопје.
Македонија ќе има три претставници во следната сезона (2026/27) поради полошиот рејтинг, но тоа треба да се промени од 2027/28 за што се очекува и официјална потврда од УЕФА.