Куманово му пресуди на Феникс за „три од три“ во Суперлигата

Кошаркарите на Куманово вечерва го запишаа третиот триумф во Суперлигата, откако го надиграа Феникс со 81-99.

Куманово доминираше во првото полувреме од средбата, а посебно импресивен беше во втората четвртина која ја доби со високи 29-10 за на паузата да замине со предност од убедливи 53-29.

Феникс заигра малку подобро во третата четвртина и ја намали негативата зад Куманово на 59-74, меѓутоа немаше сила да направи посериозен притисок врз ривалот и загуби со 81-99.

Стевановиќ и Луковиќ запишаа по 22 поени во победничкиот тим, додека Рахама постигна 22 поени за Феникс.