Прекинат мечот меѓу Риека и Спарта Прага поради потоп на „Руевица“ (ФОТО)

Фудбалерите на Риека ја пречекаа Спарта Прага на „Руевица“ од 18.45 часот, но се одиграа само 13 минути по што судијата реши да го прекине мечот поради лошото време.

Судијата го прекина дуелот во 13. минута, откако се случи вистински „потоп“ на „Руевица“, по што беше донесена одлука натпреварот да биде прекинат додека не се создадат услови истиот да продолжи.

Фото: Football Meets Data