
Меси ќе игра и во петтата деценија - го продолжи договорот со Интер Мајами
Денеска тој го продолжи договорот со Интер Мајами до 2028 што значи дека ќе игра и во петтата деценија од животот имајќи предвид дека тогаш ќе има 41 година. Продолжувањето на верноста кон тимот од Флорида доаѓа само неколку часа пред стартот на плејофот во МЛС, односно првиот натпревар против Нешвил на домашен терен.
Продолжувањето на договорот Интер Мајами го направи на спектакуларен начин, на новиот стадион кој се уште е во фаза на изградба и со порака: Тој е дома.
Меси дојде во Интер Мајами во 2023 година, шест месеци откако со репрезентацијата на Аргентина триумфираше на Светското првенство во Катар. Со 46 трофеи, тој е најуспешен фудбалер во историјата на фудбалот, освои се што можеше да се освои, но му останува титулата во МЛС до која ќе се обиде да стигне оваа година.