Љубовна драма: Ванда Нара му испратила заводлива порака на фудбалер на Челси

Атрактивната Ванда Нара, која е поранешна избраничка на Мауро Икарди, си бара нов љубовник и очигледно веќе најде нова „жртва“, а тоа е ѕвездата на Челси, Енцо Фернандез.

Ванда му испратила заводлива порака на Фернандез, а информацијата прв ја објави аргентински „Ла Насион“. Новинариот Сантијаго Спосато тврди дека ја има содржината на пораката и објави дел од неа во јавност.

„Само што те видов во соседството, пиши ми ако сакаш“, наводно гласела пораката на атрактивната Аргентинка.

Фернандез веднаш ја известил неговата партнерка штом пристигнала пораката, а Ванда потоа се бранела така што тврдела дека не сакала да му предизвика било какви проблеми на фудбалерот на Челси.