
Катастрофа на Миовски и Ренџерс против Бран, голем срам за Астон вила во Холандија (ВИДЕО)
Бран ја наметна својата игра од самиот старт, а до водство стигна по 40 минути игра преку Корнвиг (1-0), додека на стартот на вториот дел стрелаше Соренсен за предност од 2-0.
Екипата од Глазгов реши да направи неколку промени, а една од нив беше Бојан Миовски кој влезе од клупата за резерви.
Ренџерс ниту со тие промени не успеа да ја пробие одбраната на домаќинот, кој во финишот погоди и трет пат преку Холм (3-0).
Астон вила имаше почеток од соништата во Холандија и поведе во четвртата минута од средбата, но во завршницата од првото полувреме Сурај стрелаше за 1-1.
По само 16 минути во второто полувреме падна и вториот погодок во мрежата на тимот од Бирмингем, а овој пат Дејл погоди за конечни 2-1.
Останати резултати:
Брага – Црвена Звезда 2-0
ФЦСБ – Болоња 1-2
Фенербахче – Штутгарт 1-0
Генк – Бетис 0-0
Лион – Базел 2-0
Салцбург – Ференцварош 2-3
Фото: Rangers FC