
Кјелце го „закова“ Динамо на дното, Фуксе Берлин го освои Веспрем
Динамо Букурешт имаше водство само на стартот од дуелот, по што Кјелце ги презема работите во свои раце и на паузата замина со предност од 14-12.
Кјелце успешно го бранеше водството, иако Динамо на моменти намалуваше и до еден гол негатива (21-22), меѓутоа полскиот состав триумфира со 28-24.
Фуксе Берлин ја продолжи победничката серија против Веспрем, откако триумфира со 32-31, а победата ја најави уште во првото полувреме кое му припадна со 16-12.
Во вториот дел водството на бундеслигашот достигна и плус шест (27-21), а Веспрем со две мини-серии намали на само еден погодок (31-32).
Фото: Füchse Berlin