Унгарски Атомерму ја прекина соработката со доскорешниот селектор на Македонија!

Поранешниот селектор на Македонија, Александар Јончевски ја напушти тренерската клупа на унгарскиот тим Атомерму, откако клубот процени дека не биле остварни нивните цели.

Атомерму се наоѓа на седмата позиција во лигата со седум победи и шест порази, но настапите на унгарскиот клуб не му се допаѓаат на раководството кое реши да му го раскине договорот на Јончевски.

„Нашиот клуб го раскина договорот со главниот тренер Александар Јончевски. Му посакуваме многу успех во иднина“, објави Атомерму.