Реал го купи пред шест месеци, а сега го продава за 50 милиони евра!?
Мастантуоно важи за еден од најталентираните аргентински фудбалери, а „кралевите“ го платија речиси 45 милиони евра, но во првиот дел од сезоната имаше неколку повреди и не се прослави.
Аргентинецот најчесто добиваше шанса од клупата за резервни фудбалери, па наскоро би можел да се пресели во Наполи за сума од 50 милиони евра.
Наполи планира во јануари да ја достави понудата до гигантот од Мадрид, по што се чека одговор од претседателот Флорентино Перез за тоа дали ќе го одобри трансферот.