„Историски“ рекорд - Македонец првпат прескокна 4 метри во скок со стап!

Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски постави нов рекорд во дисциплината скок со стап во сала, откако успеа да скокне 4,01 метар или поточно го подобри претходниот рекорд за дури 21 сантиметар.

Ова е уште еден одличен резултат за Стефановски, кој успеа да ја помести границата нагоре за дополнителни 21 сантиметар, но резултатот е далеку под светскиот рекорд на шведскиот натпреварувач Арманд Дуплантис.

Светскиот рекорд во скок со стап е во сопственост на Дуплантис, кој успеа да скокне неверојатни 6,30 метри.