Наполи им се врати на победите: Хојлунд со два гола го реши Кремонезе

Фудбалерите на Наполи ја запишаа 11. победа во италијанскиот шампионат, откако вечерва триумфираа на гостувањето кај Кремонезе со 2-0 во 16. коло од Серија А.

Стрелец на двата гола беше данскиот напаѓач Расмус Хојлунд, и тоа во 13. и 45. минута од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас остана на теренот до 51. минута од мечот, по што беше заменет со Ноа Ланг.

Наполи е втор во Серија А со 34 бодови, односно еден помалку од лидерот Милан.