Берет со автогол ги израдува тетовци: Шкендија ги освои првите бодови во КЛ (ВИДЕО)

Македонскиот прволигаш Шкендија триумфира против Шелбурн со 1-0 на Националната Арена „Тодор Проески“ во второто коло на Конференциската лига.

Во првото полувреме двете екипи имаа по неколку шанси на двете страни, но без поконкретни ситуации од кои можеше посериозно да се загрози противничкиот гол и тимовите повеќе играа на средината на теренот.

Второто полувреме донесе статистички повеќе можности за погодок, а единствениот гол беше постигнат во судиското надополнување кога Патрик Берет со несреќен автогол ги израдува тетовци.

Ова за екипата од Тетово е прва победа во Конференциската лига, откако во првото коло загуби од Рајо Ваљекано.