Поранешен македонски репрезентативец се сретна со Гвардиола! (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезнетативец Остоја Стјепановиќ на социјалните мрежи се пофали со средба со еден од најдобрите тренери во светот Пеп Гвардиола.

Средбата на Стјепановиќ и Гвардиола се одржала во приватен амбиент во канцеларија, а некогашниот фудбалер не откри за што станувало збор.

Стјепановиќ кој во кариерата 18 пати носеше дресот на Македонија денес е во менаџерските води. Низ кариерата настапуваше за повеќе клубови како: Вардар, Работнички, Македонија Ѓорче Петров, Патизаан, ОФК Белград, АЕЛ Лимасол, Чукарички...