
Шокантна е табелата во ЛШ – последни се двајца великани со шест европски титули!
Во горниот дел од табелата владее очекувана доминација. ПСЖ, Интер, Баерн Минхен, Арсенал и Реал Мадрид се единствените со максимални девет бодови по три натпревари. Зад нив се редат Борусија Дортмунд, Манчестер Сити и Њукасл, кои го заокружуваат кругот на најуспешните осум екипи.
Сосема поинаква е ситуацијата на дното. Бенфика, по поразот од Карабах (2-3) на домашен терен, остана без тренер — по тој неуспех клубот се раздели со Бруно Лаже, а новиот стратег Жозе Мурињо не успеа да ја подобри ситуацијата. Следеа нови порази од Челси и Њукасл, па португалскиот гигант има нула бодови и гол-разлика 2-7. Зад нив е Ајакс, четирикратниот европски првак, кој потона уште подлабоко. Холандскиот клуб загуби од Интер, Марсеј и Челси, притоа примајќи дури 11 гола и постигнувајќи само еден — најслаба реализација во натпреварувањето.
Интересно, Каират од Алмати, кој се сметаше за аутсајдер, веќе има еден бод освоен против Карабах и се наоѓа пред двете славни европски имиња. Најпријатно изненадување на сезоната досега е токму Карабах, кој со шест бодови по три кола го зазема 13. местo и остава зад себе неколку многу поголеми клубови.
ФОТО: EPA PHOTO