
Ц. Звезда се засили со ѕвер од НБА – ќе го плати речиси 4 милиони долари!
Станува збор за 25-годишен кошаркар, кој во Белград пристигнува по сезона помината во Вашингтон Визардс и Филаделфија 76ерс, каде што одигра вкупно 60 натпревари. Откако не успеа да обезбеди нов ангажман во САД, одлучи кариерата да ја продолжи во Европа, а прва дестинација ќе му биде токму Црвена Звезда. Тој пред само неколку дена постигна 35 поени против ЛА Лејкерс и тоа настапувајќи во дресот на Феникс санс во претсезонски меч по кој, сепак, не доби шанса да остане во таборот на „сонцата“.
Според неофицијалните информации, двете страни потпишале договор на една ипол година вреден 3,8 милиони евра, со опција Батлер да ја раскине соработката доколку добие понуда за враќање во НБА.
Американскиот плејмејкер беше избран на драфтот во 2021 година од Њу Орлеанс Пеликанс, но не го облече нивниот дрес. Подоцна настапуваше за Јута Џез, Оклахома Сити Тандер, Вашингтон и Филаделфија, а дел од кариерата мина и во Џи-лигата, каде што стекна дополнително искуство и минутажа.
ФОТО: EPA PHOTO