
Богатење на грбот на навивачите: Порто разоткри голема измама, мета биле туристите!
.Според клубот, еден од организаторите собирал лични податоци од голем број луѓе и ги користел за отворање членства и купување сезонски билети на нивно име.
„Овие измами достигнаа големи размери, со десетици седишта под контрола на еден човек,“ соопштија од клубот.
„Исто така, идентификувавме компании што обработувале стотици трансакции, делувајќи како параван за незаконска активност.“
Како што пренесува „Гардијан“, мета на препродавачите биле најчесто туристите, а дел од билетите достигнувале цена и до 800 евра. Весникот дошол до препродавачите по разговор со двајца дански државјани кои платиле по 200 евра за билет за „обичен“ натпревар од првенството.
„Искуството беше неверојатно, но не очекувавме толку да платиме за првенствен натпревар“ изјавил еден од измамените.