Шкендија со две измени во почетната постава во однос на дуелот со Рајо (ФОТО)

Македонскиот првак Шкендија вечерва го игра натпреварот од второто коло на Конференциската лига, против Шелбурн на домашен терен.

Неопходна е победа за да бидат задржани шансите за пласман во следната фаза, а тренерот Јетон Беќири одлучи да го почне натпреварот со две измени во почетната постава во однос на дуелот против Рајо Ваљекано пред три недели. Променети се двајцата дефанзивни играчи за врска бидејќи на местата на Рамадани и Ќака, шанса во стартната постава добија Зејнулаи и Алхасан.

На голот е Геје, во одбраната се Вебстер, Цаке, Фетаи и Трумчи, во средниот ред, покрај Зенулаи и Алхасан се уште Љатифи, Красниќи и Тамба, а во нападот ќе биде истурен капитенот Бесарт Ибраими.

Шкендија е во формација 4-2-3-1, додека Шелбурн ќе биде во нешто поофанзивна постава 4-3-3.