
Флик не може глава да крене: За „Ел Класико“ под знак прашалник уште еден фудбалер
Како што пренесуваат шпанските медиуми, холандскиот фудбалер за врска Френки де Јонг денеска не тренирал со остатокот од тимот, а причина била повреда.
Додека се чека официјалниот извештај за неговата состојба, важно е да се напомене дека и Андреас Кристенсен ја пропушти средбата против Олимпијакос во Лигата на шампионите поради гастроентеритис, а според информациите и понатаму не е познато дали ќе може да помогне против Реал.
Во меѓувреме, додека се очекува враќањето на Рафиња, тренерот Ханси Флик веќе не може да смета на Тер Штеген, Жоан Гарсија, Гави, Левандовски и Дани Олмо па така јасно е дека германскиот стратег има огромни проблеми во составувањето на тимот.
Барселона во натпреварот против Реал влегува како второпласирана на табелата со два бода помалку во однос на „кралевите“.
Фото: Barcelena FC/X