РФМ ги суспендираше судиите кои доделија пет црвени картони за неколку минути!

Натпреварот помеѓу Овче Поле и Јехона во рамките од ракометна Прва лига одигран пред неколку дена заврши со пет исклучувања, а санкции сега стигнаа и за арбитрите од оваа средба.

На оваа средба во само неколку минути судиите најпрво му покажаа црвен картон на голманот Трпески од Јехона, а потоа истата судбина ја доживеа и Салиу поради трето исклучување. По вербална пресметка со навивачите, црвени и сини картони беа доделени и на Мојсе Тасески и Стефан Маринкоски за на крајот да биде исклучен и Давид Ќиров.

РФМ сега донела одлука да ги суспендира судиите Марко Огњановски и Дамјан Савиќ кои во наредните 20 дена нема да можат да делат правда.

„РФМ донесе одлука меѓу оние што ќе добијат казан да бидати судиите. На судиската двојка Марко Огњановски и Дамјан Савиќ им е изречена дисциплинска санкција — забрана за вршење на функција во траење од 20 дена, согласно Кодексот и Дисциплинскиот правилник на РФМ“,  пишува порталот „24ракомет“.

Суспензии заработија и ракометарите на Јехона, Мојсе Тасески кој ќе паузира четири натпревари, додека неговиот соиграч Стефн Маринковски ќе пропушти една средба. Исто така опомена заработи и Овче Поле за организацијата на натпреварот.