
Бенитез ќе стане најплатен тренер во историјата на Грција за да ја прекине доминацијата на Олимпијакос
Човекот кој на сензационален начин го однесе Ливерпул до шампионскиот трофеј во 2005 година првпат во својата кариера ќе работи во Грција, но ќе стане најплатен тренер во историјата на оваа земја. Неговиот договор е во вредност од два милиона евра по сезона, а потпиша на 2,5 години со можност за продолжување на уште една. Соработката беше договорено минатиот викенд, а го аминуваше првиот човек на ПАО, Јанис Алафузос.
Сумата што ќе ја заработува Шпанецот е астрономска ако се знае дека тој веќе подолго време нема никакви успеси. Последниот ангаман го имаше во Селта каде беше сменет во март оваа година и тоа во период додека екипата од Виго се наоѓаше на два бода над зоната за испаѓање. Панатинаикос ќе биде негов 17. клуб во кариерата, најмногу успеси имаше со Ливерпул и Валенсија, а трофеи освојуваше и со Интер, Челси, Наполи и Њукасл.
Промоцијата на Бенитез е планирана за сабота, ден пред мечот против Астерас во домашното првенство што ќе биде деби за Шпанецот. Негова главна цел ќе биде да ја прекина доминацијата на Олимпијакос и да му ја донесе првата титула на Панатинаикос о 2010 година. Во последните 15 сезони, Олимпијакос освои 11 шампионски трофеи, а останатите четири ги поделија АЕК и ПАОК.