EХФ измисли ново репрезентативно натпреварување!

Извршниот одбор на Европската ракометна федерација објави започнување на ново репрезентативно натпреварување кое ќе го носи името, Европски ракометни игри и ќе се игра на секои четири години.

Првото издание е планирано да се одржи во 2030 година. Според најавите на него ќе учествуваат најдобрите осум машки и женски репрезентации од Европа, а победниците ќе имаат и обезбедено учество на Олимписките игри.

Конечниот термин ова ново натпреварување требаа да го доби во септември, па така досегашната динамика на Европските првенства кои се играат на секои четири години нема да се промени.

Во овој момент не е познато и дали тоа ќе бидат најдобрите осум репрезентации според ЕХФ ранг-листата или најдобрите осум од последниот континентален шампионат, тоа треба да биде дополнително објавено.