Јувентус се наоѓа во најлошата серија во последните 16 години

Очекувани се критиките на навивачите на Јувентус по лошите резултати последниот месец, како во Серија А, така и во Лигата на шампионите.

Најтрофејниот тим во Италија е без победа точно 40 дена, од 13 септември кога на домашен терен го совлада Интер со 4-3. Оттогаш одигра седум натпревари, четири во домашното првенство и три во ЛШ и на нив оствари пет нерешени резултати и два пораза.

Тоа е најлошата серија на Јувентус во последните 16 години, поточно по периодот април-мај 2009 кога под водство на Клаудио Раниери беше без победа на осум меча. Тоа „постиигнување“ мое да израмнето веќе претстојниот викенд кога на Јуве му претстои тешка задача, на гостувањето кај Лацио.